ЕДУКАТИВНА ИНФОРМАЦИЈА

Ракот на грлото на матката го предизвикува вирусот ХПВ, којшто се пренесува преку сексуални односи, и е најчеста инфекција на репродуктивните органи. Повеќето ХПВ инфекции не предизвикуваат симптоми или болест. Но, инфекција со одредени типови на ХПВ може да доведе до претканцерозни лезии. Доколку не се третираат, овие лезии може да прогресираат во рак на грлото на матката.

Не одложувајте го гинеколошкиот преглед и не запоставувајте го вашето сексуално и репродуктивно здравје поради зголемениот стрес и стравот од зараза со Ковид-19.

Раната детекција и превенција на ракот на грлото на матката е еднакво важна и во услови на пандемија.


МИТОВИ

Мит 1: Правење ПАП тест е болно искуство.

Еден од најчесто користените и најзастапени тестови за откривање ХПВ и клеточни промени кај жената е ПАП-тестот. Тоа е безболна и ефективна метода за земање на брис од грлото на матката за микроскопска анализа на клетката.

Мит 2: Срамно e маж гинеколог да прегледува жена.

Доктор е доктор. Изборот не треба да се базира на пол, туку на стручност, професионалност и компетентност на гинекологот.

Мит 3: По породување, жената нема потреба од гинеколошки преглед.

Грижата на жената за сопственото здравје не завршува со породувањето. Напротив, жената треба да биде свесна дека редовната посета на гинеколог е клучна за навремено детектирање на аномалии кои можат да бидат од животно значење за неа.

Мит 4: Немам никакви симптоми, немам потреба од скрининг.

Жените кои никогаш не направиле скрининг или подолго време не биле на преглед може да имаат рак на грлото на матката, а да не знаат, посебно поради фактот што ракот на грлото на матката е заболување кое на почетокот од болеста е без симптоми. Со редовни прегледи, ракот на грлото на матката може навремено да се открие, кога третманот има најдобар ефект.




За Скрининг програмата

Политиката на МЗ е да се грижи за здравјето на сите граѓани на Македонија, посебен акцент години наназад се превентивните активности во рамки на Програмата за рана детекција на малигни зболувања, дел за скрининг на рак на грло на матка.

Во оваа програма се вклучени како главни чинители избраните матични гинеколози на ниво на цела држава, цитолошките лаборатори од ЈЗУ како и оние кои имаат потпишано договор со ФЗО на РСМ. Коодинатори на скриниингот се 10-те центри за јавно здравје како и ИЈЗ на РСМ.

Оваа година се издвоени приближно 11 милиони денари за оваа потпрограма во рамки на Програмата за рана детекција на малигни заболувања.

Кои се новитетите во програмата за 2022 година поврзани со превнција на рак на грло на матка?

Како што знаеме прв приоритет на МЗ во изменатиот период беше справување со КОВИД 19

Веќе започнатите реформи беа афектирани и ставени во втор план, но пандемијата и борбата за справување со истата не доведе да научиме нови лекции и се она што беше успешно да го примениме и во друг контекст, така како пандан на апликацијата вакцинација мк е апликцијата скрининг мк во која секоја жена ќе изрази интерес за да направи ПАП тест доколку тоа не го сторила во изминатите 3 години, а е во рамки на возрасната група предвидена за оваа година од 36-45 години. Модулот ќе овозможи закажување на скрининг кај матичен гинеколог, и ќе генерира извештаи за следење на прогресот на скринингот. Од кога жената ќе изрази интерес ќе добие соодветен термин кај својот матичен гинеколог. Доколку жените немаат матичен гинеколог, ќе им се даде опција да си одберат матичен гинеколог согласно местото на живеење.

Која возрасна група ќе биде опфатена?

Препорака на СЗО е жените вклучени во скринингот да се поделени во три возрасни групи и тоа од 24-35, 36-45 и 46-61 година. Интервалот на спроведување на скринингот е 3 години се со цел да се опфатат овие возрасни групи. Но исто така секоја жена има право да направи ПАП тест кај својот матичен гинеколог во рамките на превентивните цели кои треба да ги оствари согласно потпишаните договори со ФЗО на РСМ

Улогата на Националната комисија за унапредување на скринингот и рана детекција на рак на грло на матка

Во рамки на МЗ постои Национална комисија за унапредување на скринингот на рак на грло на матка, составена од мултидисциплинарен тим, експерти од својата област на сите нивоа на здравствена заштита. Заложбите на оваа Национална комисија предводена од претседетлот др Игор Алуловски е да направиме чекор напред во унапредување на овој скрининг, месец јануари е месец на борба за рак на грло на матка, но нашата заложба е континуирано да зборуваме на оваа тема и да ги охрабриме девојките и жените да си го остварат своето право да направат бесплатен ПАП тест, да одберат матичен гинеколог, да побарат совет.

ХПВ вакцинација

Како еден од столбите за сеопфатна превенција од рак на грло на матка, освен раната детекција, скринингот со ПАП тест е и вакцинацијата со ХПВ.

Една од работите кои можете да направите за да ги намалите шансите да добиете ХПВ е да се вакцинирате. Вакцината против ХПВ е безбедна и ефикасна. Може да заштити од болести (вклучително и карциноми) предизвикани од ХПВ кога се дава во препорачаните возрасни групи.

Вакцинацијата против ХПВ во нашата земја е воведена во 2009 година и е задолжителна согласно Правилникот и Календарот за имунизација. ХПВ вакцината се администрира на женски деца со наполнети 12 години, со давање на две дози на вакцина на растојание од 6 месеци. Во 2019 година, го осовременивме Календарот за имунизација со тоа што обезбедивме четиривалентна ХПВ вакцина, со која се замени дотогаш користената двовалентна вакцина. Оваа вакцина штити од 4 опасни типови на хуман папилома вирусот. Покрај превениција од предмалигни генитални лезии, предмалигни анални лезии, канцери на грлото на матката и анални канцери, дополнително превенира и генитални брадавици.

ХПВ вакцинацијата има за цел превенција од развој на инфекција од страна на одредени типови ХПВ. Првата ХПВ вакцина е одобрена во 2006 година, а од 2017 година вкупно 71 земја ја вклучуваат ХПВ вакцинацијата во нивните редовни програми за имунизација, барем за девојињата. Светската здравствена организација (СЗО) ги препорачува ХПВ вакцините како дел од редовните програми за имунизација во сите земји, заедно со други превентивни мерки. Потребни се две или три дози во зависност од возраста на лицето и имуниот статус. Препорачана возраст за вакцинирање на девојчињата е од 11 до 12 години (вакцинацијата може да се започне и на 9 годишна возраст), а самите вакцините обезбедуваат заштита барем 5 до 10 години. Важно е да се напомене дека редовниот скрининг за рак на грлото на матката е сèуште неопходен.

Се проценува дека вакцинацијата можат да спречи 70% од случаите на карцином на грлото на матката, 80% од случаите на карцином на анусот, 60% од случаите на вагинален карцином, 40% од карциномите на вулвата и можеби некои случаи на орално карциноми. Вакцините дополнително спречуваат развој на генитални брадавици предизвикани од „ниско – ризични типови“ на ХПВ

Мобилни гинеколошки сервиси

За да здравствената услуга стигне до секоја жена, во тек е проект мобилни гинеколошки услуги, кој се спроведува во партнерски однос помеѓу ГАК, МЛД, Црвен крст и УНФПА.

Направена е соодветна анализа согласно индикатори (број на гинеколози на подрачјето во однос на број на жени во репродуктивен период, регистрирани карциноми на матка во измантите три години и други индикатори), започнато е да се даваат услуги во Пелагонискиот дел на нашата земја, сега започнуваме во Полошкиот дел.

Ангажирни се супспецијалисти од ЈЗУ да вршат прегледи во мобилните гинеколошки амбуланти (согласно нивната проценка се прави ПАП тест, ехо, земање на брис, советување). Исто така направени се брошури за тоа како на кој начин жените кои не си го оставариле правото да бидат здравствено осигурани тоа право да го оставрат со медијаторство на мобилните тимови од Црвен крст.

Програма за рана детекција на малигни заболувања – скрининг на рак на грло на матка

Вовед

Карциномот на грлото на матката (КГМ) во светот учествува со 10% во вкупниот број на малигни неоплазми. Тој е дванаесетти по честота и петти по смртност рак кај жените во светот. Заболуваат околу 490 000 новорегистрирани случаи секоја година или 16 од 100 000 жени годишно, а околу 9 од 100 000 жени умираат.

Организираниот скрининг за превенција и рано откривање на ракот на грлото на матката е активност што се спроведува во повеќе држави со цел да се намали инциденцата и смртноста на жените од рак на грлото на матката. Оправданоста на спроведувањето на оваа програма се потврдува со фактот што секоја година се откриваат случаи на карцином кај жени кои немале никакви знаци на болеста.

За успешно спроведена скрининг програма се смета доколку во период од 3 години се опфатат 75% од целната популација.

Приоритети и цели

Главна цел е да се намали инциденцата и смртноста на жените од рак на грлото на матката во Република Северна Македонија.

Специфични цели:

1. Зголемување на бројот на лица опфатени со организираниот скрининг

2. Подигнување на свеста кај жените за важноста од редовни превентивни прегледи и вклученост во организираниот скрининг

3. Зголемување на бројот на гинеколози вклучени во организираниот скрининг

Показатели на успешност

Успешноста ќе се мери преку следните показатели на успешност:

- Број на анализирани ПАП тестови

- Број на лица со откриени клеточни абнормалности

- Број на лица со откриен рак на грлото на матката

Процес индикатори:

- Број на поканети лица

- Број на лица кои примиле покана и се јавиле на преглед

- Број на земени ПАП тестови

- Организација на прес конференција

- Број на настапи преку медиумите

- Број на организирани предавања и трибини

- Број на отпечатени пропагандни материјали

- Број на гинеколози вклучени во организираниот скрининг

- Број на гинеколози информирани за скринингот

- Број на гинеколошки ординации кои доставуваат извештаи

- Број на цитолошки лаборатории кои доставуваат извештаи

- Број на изготвени квартални и годишни извештаи

Спроведување на процесот на следење, оценување и известување

Гинеколошките ординации вршат:

- поканување на жените да се вклучат во организираниот скрининг во рамки на остварување на превентивните цели

- преглед на жените со земање на материјал за ПАП тест за возрасна група од 36-45 години кои изразиле интерес во рамки на апликацијата креирана во елктронскиот систем Мој термин.

- доставување на материјалот до цитолошката лабораторија

- известување на жените за резултатот од ПАП тестот

- доставување на месечни/квартални извештаи до Центрите за јавно здравје.

Цитолошките лаборатории вршат:

- Припрема на материјалите (ПАП тест)

- Преглед на материјалот

- Издавање на извештај за секоја пациентка

- Доставување на месечни/квартални извештаи до Центрите за јавно здравје.

Центрите за јавно здравје вршат:

- Координација на активностите на локално ниво (контакти со гинеколошките ординации, цитолошките лаборатории)

- Прибирање на извештаи од гинеколошките ординации и цитолошките лаборатории и изготвување на квартални извештаи

- Дистрибуција на пропаганден материјал

- Одржување на предавања за важноста на скринингот

- Организација на активности во рамки на кампањата на локално ниво, со учество на стручни лица во локалните медиуми

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија врши:

- Координација на сите активности поврзани со скринингот на локално и национално ниво

- Изготвување на квартални и годишен извештај

Изготвување на информативни/едукативни материјали, брошури, или користење на социјалните мрежи ќе се врши со поддршка на Фондот за население на обединети нации – УНФПА, Македонско лекарско друштво, Црвен крст на Република Северна Македонија во консулатција со Националната комисија за рана детекција и скрининг на рак на грло на матка во Република Северна Македонија.

ХПВ базиран скрининг – пилот студија ГАК во соработка со 13 гинеколози

За прв пат МЗ почнувајќи од 2020 год одвои средства за пилот проект, за ХПВ базиран скрининг, при што со тие одвоени средства веќе во изминатата 2021 почнувајќи од летниот период, во соработка со 13 матични гинеколози од цела држава, за да се покрие целата територија, и ГАК (поточно цитолошката лабораторија и лаборатојита за молекуларна биологија) го спроведоа овој пилот кај 1000 пациентки и во моментот се обработуваат добиените резултати.

Овие резултати треба да послужат како добра основа заедно со посточките резултати на ова поле, добиени од меѓународни организации и институции, да и нашата држава полека го промени начинот на скрининг, кон ХПВ базиран што представува основен скрининг тест во повеќето земји во Европа и САД.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЦЕРВИКАЛНИОТ КАНЦЕР ВО СВЕТОТ И НАШИОТ РЕГИОН

Секоја година, во светот се дијагностицираат над 570,000 нови случаи на цервикален канцер, и се евидентираат 311,000 смртни случаи како резултат на оваа болест; фактот што најголемиот број случаи се регистрираат токму во земјите каде превентивните мерки во справувањето со цервикалниот канцер не се достапни (вакцинација и скрининг), јасно зборува за ефикасноста на превентивните мерки во превенцијата и раното откривање на цервикалниот канцер.

Во 2020 година, Светската здравствена организација усвои Глобална стратегија за елиминирање на цервикалниот канцер како јавно-здравствен проблем, преку фокусирање на напорите во докажани и ефикасни мерки за елиминирање на цервикалниот канцер:

- Превенција преку вакцинација

- Скрининг и третирање на преканцерозните лезии, и

- Лекување и палијативна грижа на случаите на инвазивен цервикален канцер.

Споредено со Западна Европа, бројот на нови случаи и бројот на починати од оваа болест е за 10 пати повисок во регионот на Источна Европа и Централна Азија, каде ова заболување е втора најчеста причина за смрт од малигно заболување кај жените во репродуктивниот период:

Од графиконот е евидентно дека повисоката инциденца и морталитет што се забележува во овој регион, во најголема мерка се должи на недостатокот на ефективни програми за скрининг за цервикален канцер (што вкклучуваат лекување на сите клинички релевантни преканцерозни лезии), широко распространети програми за ХПВ вакцинација, и достапни и високо квалитетни услуги за лекување на цервикалниот канцер.

Во Северна Македонија, секоја година се дијагностицираат околу 150 нови случаи, и се евидентираат околу 60 смртни случаи поради оваа болест. Во текот на изминатата деценија направени се значителни чекори за унапредување на состојбите на ова поле, преку вакцинација против ХПВ и спроведување на скрининг програми.

Ракот на грлото на матката може да се превенира – вакцинациите и редовните прегледи спасуваат животи, а овие мерки се обезбедени од државата. Затоа, вакцинирајте ги девојчињата против ХПВ и посетете го вашиот гинеколог за редовен превентивен преглед.