Пријавување за ПАП тест
Почитувана, пред да ја пополните апликацијата за искажување заинтересираност за ПАП тест ве молиме внимателно прочитајте ги следните информации:- Пријавувањето за ПАП тест е доброволно и се спроведува согласно Скрининг програмата за рано откривање на рак на грло на матка на Република Северна Македонија.
- Со пополнување на формата се регистрирате за ПАП тест директно во системот Мој Термин. Вашиот матичен гинеколог добива информација за вашата регистрација. Нема потреба дополнително да го барате или информирате дека сте се регистрирале.
- Согласно распоредот предвиден во планот за ПАП тестирање, вашиот матичен гинеколог ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да направите ПАП тест.
- ПАП тестот согласно Скрининг програмата за рано откривање на рак на грло на матка е БЕСПЛАТЕН за возрасната група од 21 до 59 години.