Почитувана, пред да ја пополните апликацијата за искажување заинтересираност за скрининг мамографија ве молиме внимателно прочитајте ги следните информации:
Пријавувањето за скрининг мамографија е доброволно и се спроведува согласно Скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка на Република Северна Македонија.
Преку оваа страница може да се пријават жени на возраст од 40-69 години кои се без присутни симптоми за рак на дојка, и кои последните две години не направиле мамографија.
Со пополнување на формата се регистрирате за скрининг мамографија директно во националниот систем Мој Термин.
Согласно распоредот предвиден во планот за скрининг мамографија, ќе добиете порака за закажаниот термин за скрининг мамографија.
Прегледот за скрининг мамографијата согласно Скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка е БЕСПЛАТЕН.
За општи информации за скрининг програмата може да не контактирате на следниот телефонски број 071415872 достапен секој работен ден од 13:00 -15:00 часот.